Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед

Дерби

06/02/2025

14:23

2.702

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд седна на маса со Лени Јоро и отворено разговараа за првите шест месеци на големото летно засилување, фудбалер кој во последно време постојано добива минутата откако ја санираше тешката повреда на зглобот.

Францускиот фудбалер пристигна како надежен фудбалер кој треба да реши доста проблеми во одбраната на Манчестер Јунајтед, па иако засега не доби вистинска шанса да се прикаже во најдобро светло, јасно е дека станува збор за голем потенцијал.

Првата сезона во Премиер лигата секогаш е посебно тешка за младите дефанзивци, а Јоро сега на Фердинанд му откри дека тој и неговите соиграчи од одбраната добиваат посебни анализи од Аморим и неговите соработници, по што заедно комуницираат на Ватсап.

– Едукацијата и анализата на противникот секогаш е многу важна пред еден натпревар. Имаме група на Ватсап, а во таа група сме само дефанзивците од првиот тим.

– Тимот на менаџерот е задолжен да ни праќа видеа со движењата на противничките напаѓачи, со нивните движења……. Сепак, јас не останувам само на тоа, имам ангажирано човек кој детално прави анализа за мене за секој напаѓач со кој треба да се соочам. Тоа го правев уште во Лил и продолжив да работам со истиот човек, – открива Јоро.