[ВИДЕО] Срамен чин: Конор Мегрегор плукна маж поради гласните извици со поддршка за Хабиб

Точка

04/02/2025

11:45

1.347

Големина на фонт

а а а

Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор изгледа со сите сили се труди да си го наруши имиџот, а синоќа на социјалните мрежи почна да кружи нов срамен чин на некогаш најпопуларниот УФЦ борец во светот.

Имено, на снимката се гледа како Мекгрегор плука в лице на непознат маж кој всушност го испровоцирал Ирецот со извиците: „Ајде, Хабиб!“

Откако го слушна извикот Мекгрегор бесно се сврте, а потоа му пријде на насмеаниот човек и го плукна в лице.

„Те плукнав в лице, а ти што направи? Ништо“, рече Мекгрегор додека си заминуваше, бидејќи неговото плукање не предизвика повратна реакција.

Ирецот поради ова би можел повторно да има проблеми со законот, бидејќи некои американски извори наведуваат дека плукањето в лице е класифицирано како насилничко однесување и напад.

Инаку, Мекгрегор од недела в недела паѓа сè пониско, а во текот на изминатите недели жестоко ги навреди Хабиб Нурмагомедов и неговите тимски колеги.



Исто така Конор се сврте и против сонародникот Пол Хјуз бидејќи по натпреварот тој покажа почит кон Усман Нурмагомедов.