[ВИДЕО] Коментар на Ромарио за ремито на Бразил стана вирален меѓу фудбалските фанови

Дерби

14/06/2026

12:30

1.572

Големина на фонт

а а а

Бразилската легенда Ромарио ги следи случувањата на СП 2026 и настапите на неговата земја од лице место, а ќе има улога и на стручен коментатор за бразилска телевизија.

Бразил го започна мундијалот со реми со Мароко, репрезентација која уште еднаш потврди дека може да им парира на најсилните екипи на ова СП, а за разлика од репортерката која го водеше разговорот, Ромарио не смета дека ремито е лош резултат.

– Ова реми е како пораз. Дали овие 1:1 ги сметаш како пораз? – прашала Фернанда Жентил, пред да добие брутален одговор од легендата.

– Реми на првиот натпревар на ова СП против Мароко. Секој што не го разбира фудбалот ќе има ист став како тебе, – рекол поранешниот бразилски репрезентативец.

Дел од јавноста го обвини Ромарио за непотребно груб одговор во разговор со една дама.