Робертсон го изигра новото ФИФА правило на едноставен начин и стана вирален хит

Дерби

15/06/2026

08:20

914

Големина на фонт

а а а

Шкотска не брилјираше на мечот со Хаити, но сепак успеа да оставри минимална победа и да освои први бодови на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Островјаните постигнаа еден гол кој беше доволен за победа, а додека играчите на Хаити се жалеа за судиски неправди кои им беа нанесени во текот на мечот, доста вирална стана и една реакција на Енди Робертсон.

Искусниот лев бек го ужива статусот на капитен во Шкотска, а како човек кој долго е дел од фудбалот, и тој мораше да се навикнува на новите правила кои ги воведа ФИФА.

Светската организација имплементираше низа нови правила со цел да се забрза играта на мундијалот, а еден од новитетите се однесува на изведувањето аут.

Играчите имаат само пет секунди пред да ја вратат топката во игра, но одбројувањето започнува во моментот кога фудбалерот ја има топката во своите раце.

Поради тоа, Робертсон пронајде „дупка“ во правилото на доста едноставен начин и ги местеше своите соиграчи пред да ја земе топката во раце, па потоа има доволно време да размислува и да процени каде треба да ја фрли топката.