Мароканците воодушевени од талентираниот Буади: Дешамп, благодариме за подарокот

Дерби

14/06/2026

15:36

289

Големина на фонт

а а а

Ајуб Буади има само 18 години, но го привлече вниманието на фудбалските фанови со своето мундијалско деби во дресот на Мароко.

Африканската селекција ремизираше со Бразил, Буади доминираше во средината на теренот, а според многумина бил и најдобар поединец на теренот, неутрализирајќи ги извиканите ѕвезди на противничката селекција.

Фудбалерот на Лил е роден во Франција, беше член на младинската репрезентација на Франција, но на крајот одлучи да настапува за сениорската селекција на Мароко, земјата од каде потекнуваат неговите родители.

Мароканските фанови се пресреќни што добиле фудбалер како Буади, па по вчерашниот натпревар на „МетЛајф“ јавно му се заблагодаруваа на Дидие Дешамп што не го задржал тинејџерот во француското фудбалско семејство.

„Марка“ во своите мундијалски написи веќе истакна дека Буади е фудбалер каков што му е потребен на Реал Мадрид, а ако продолжи во ваков стил, Мароканецот сигурно ќе отвори војна меѓу најголемите и најбогатите европски клубови.

– Дешамп, благодариме што ни го остави Буади.

– Голема благодарност за Дешамп што го не повика Буади. Има само 18 години, а веќе ги стави во џеб играчи како Касемиро и Пакета, – рекле дел од фановите на Мароко по ремито со Бразил.