Кошаркарите на Њујорк Никс се нови шампиони во НБА лигата, добивајќи ја серијата со Сан Антонио во само пет натпревари.
Утринава, претставникот на источната конференција направи нов брејк, совладувајќи ги Спарс на гостински терен со 90:94 и на тој начин ја доби серијата во финалето со убедливи 4:1.
И на оваа средба Никс имаа двоцифрена негатива, овојпат губеа со 16 разлика, но како и досега тоа не беше пречка да испорачаат пресврт и предводени од Џејлен Брансон да стават печат на важна победа.
Брансон реализираше дури 45 поени на натпреварот кој ќе го памети до крајот на животот, а Њујорк ја освои својата прва титула уште од 1973 година.
Никс чекаа 53 години, но конечно го дочекаа посакуваното славје и се искачија на врвот на НБА лигата, додеке Брансон очекувано е прогласен за МВП на финалната серија.
Бриџис со 14 и Харт со 13 поени беа следните најдобри реализатори кај победничкиот состав, додека Вембањама со 19 поени и 14 скокови ја предводеше листата на стрелци во домашниот тим.







