ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го уништија енергетскиот систем и претпријатија, а цената на струјата ја покачија за 50%

Макфакс

01/02/2025

13:28

203

Големина на фонт

а а а

СДС го уништи енергетскиот систем во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС за седум години власт енергетските компании од најпрофитабилни ги доведе до компании со милионски долгови по разни основи.

Во 2017 година кога СДС ја презема власта, на сметката на ЕСМ имаше 20 милиони евра, а во 2024 година го оставија со минус од 80 милиони евра.

Поради ваквото недомаќинско и неодговорно раководење на енергетскиот сектор во државата во време на владеење на СДС, цената на електричната енергија се зголеми за над 50%.

Така да, кога СДС зборува за зголемување на цените треба си погледне малку зад себе и да види во каква состојба го остави енергетскиот сектор и енергетските претпријатија.

Во однос на топлинската енергија, како што и од АД ЕСМ потврдија, во текот на актуелната грејна сезона дојде до зголемување на цената на природниот гас. А, од друга страна, природниот гас претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија.

Согласно зголемувањето на цената на природниот гас, компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги и согласно подзаконскиот акт кој го регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават барања до комисијата доколку настанат значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија.

Оттука произлегува и обврската за барањето за корекција на цената, кое што, поради настаната промена на цената на гасот, доколку не се прати барање до РКЕ, би претставувало непочитување на законите“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Каја Шукова.