[ВИДЕО] Нова авионска несреќа во САД: Експлодираше медицински авион, нема преживеани

Макфакс

01/02/2025

09:58

4.229

Големина на фонт

а а а

Медицински транспортен авион со шест лица се урна во станбена населба во Филаделфија набргу по полетувањето, а според првичните информации во несреќата нема преживеани.

Авионот експлодирал во воздух, пожарот зафатил неколку куќи во областа, а неколку автомобили биле оштетени, пренесе АП.

Повредени се и неколку лица кои се нашле во близина на местото на несреќата.

Градоначалничката на Филаделфија, Шерил Паркер, изјави дека информациите за бројот на жртвите се уште не се потврдени, но истакна дека се оштетени неколку домови и возила.

Леарџет 55, кој полета од аеродром во североисточна Филаделфија, исчезна од радарот неколку минути по полетувањето во 18:06 часот, по локално време.

Летот бил на пат кон Спрингфилд, а авионот бил регистриран во Мед Џетс.

Сведоците изјавиле дека слушнале силна бучава пред да го видат пламенот.

Сите жртви биле државјани на Мексико.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази сочувство преку социјалната мрежа „Truth Social“, нарекувајќи ја несреќата „трагична“.

Авионот се урнал на фреквентна раскрсница во населбата Ронхерст, во близина на трговскиот центар Рузвелт.

Снимката од местото на несреќата покажува остатоци од авионот расфрлани низ раскрсницата.

Несреќата се случи само два дена откако авион на Американ ерлајнс се судри со воен хеликоптер во Вашингтон, при што загинаа 67 лица.