Реномираниот моден дизајнер Изет Цури, кој децении активно работи на француската модна сцена е професор на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Фросина пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше.
Преку социјалните мрежи, со заедничка фотографија, од Фросина се прости Изет.
Цури истакна дека Фросина била голема надеж за иднината на модата и дека нејзината смрт е огромен губиток за светот на модата.