Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници, рече Мицкоски

Макфакс

01/02/2025

14:05

266

Големина на фонт

а а а

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности. Како претседател на партијата и на Извршниот комитет, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети“, изјави тој.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.