[ВИДЕО] Студенти во Србија пешачат до Нови Сад, луѓето им носат храна: „Како да сме ослободители“

Точка

31/01/2025

17:39

656

Големина на фонт

а а а

Студенти на белградските факултети во блокадата вчераутро тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во тој град, по повод три месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица во која загинаа 15 лица.

Ноќта ја минале на фудбалскиот стадион во Инџија. Спиеле на стиропор и во шатори.


„Луѓето се прекрасни, не можевме да бараме повеќе“

„Некои ставаа стиропор во шаторот, а некои луди спиеја само на стиропор надвор. Спиев добро, само што беше ладно, не само за мене туку за сите. Немам други замерки, луѓето беа прекрасни, дадоа и вреќи и шатори, не можевме да бараме повеќе“, вели ученикот Матеја за „N1“ Србија.

„Секогаш има такви што не можат да спијат, малку бевме надвор под отворено небо, убаво дружење, бевме сите заедно, се држиме, се дружиме“, рекол студентот Димитрије.

Ноќта ја поминал надвор од шаторот.

„Народот нè пречекува како ослободители“

„Сите се држиме заедно како едно, сите сме како семејство, ќе протуркаме како што треба. Најсилен впечаток е тоа како луѓето нè пречекуваат, буквално нè пречекуваат како некои ослободители во секој град. Секоја чест за народот и за организацијата и дочекот, доста луѓе и плачат, баш поради тоа срцето ни е полно, затоа и ќе истуркаме“, додал тој и им се заблагодарил на сите за ќебињата и стиропорот и на оние кои понудиле сместување.

По Инџија, голем број граѓани ги пречекале учениците во Марадик. Луѓето изнеле штрудли, леб, овошје и кифлички. Им донеле и вода и сокови.

„Многу ми значи заедништвото кое на некој начин првпат го доживувам. Се вклучив уште на почетокот, некако почувствував дека тоа е моја должност и прифатив дека е вообичаено да, кога сè е нормално да одам на предавања, кога има блокади – одам на блокади“, изјавила за „Демостат“ студентка на ФДУ.