[ВИДЕО/ФОТО] Граѓаните излегоа на масовен протест во Скопје барајќи правда за трагично загинатата Фросина: „Врските не враќаат човечки живот“

Точка

31/01/2025

13:47

3.264

Големина на фонт

а а а

Протестот е мирен, без гласни довикувања, но тишината зборува сама за себе. Тоа што се случува во моментов пред „Силбо“ е молчалив крик против системот кој дозволува улиците да бидат смртоносни за пешаците.

Граѓаните со гнев и болка излегоа на улиците на Скопје, блокирајќи го булеварот „Партизански одреди“ во близина на „Силбо“ во знак на протест против трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. 


На протестот граѓаните бараат да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога. Јованов под дејство на алкохол поминал на црвено кога удрил во Фросина.

Македонија е завиена во црно. Сите тагуваат по ова убаво и талентирано девојче, пред кое беше цел живот. За жал, сега се збогуваме со неа.