Објавено е ново видео од судирот на авионот и хеликоптерот, што се случи вчера над Вашингтон.
На снимката јасно се гледа како авионот и хеликоптерот летаат еден кон друг, а потоа експлодираат и паѓаат во реката по експлозијата.
Американските власти вчера објавија дека сè уште не е јасно зошто патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер се судриле над аеродромот во Вашингтон, при што загинаа 67 лица во најсмртоносната воздушна несреќа во САД во повеќе од 20 години.
‼️ Another video has emerged showing the collision between a passenger plane and a military helicopter near Reagan Airport in Washington.
— NEXTA (@nexta_tv) January 31, 2025
As a result of the crash, all passengers and crew aboard both aircraft were killed—a total of 67 people. pic.twitter.com/RPkgrUNjRF
Инспекторите ги пронашле таканаречените црни кутии од авионот, кој се судрил со воениот хеликоптер „блек хок“ и се урнал во реката Потомак додека се подготвувал да слета на националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон во средата вечерта. Никој не преживеа.
Инспекторите ги пронајдоа диктафонот од пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот од патничкиот авион Bombardier CRJ700, објави Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB).
Во рок од 30 дена се очекува прелиминарен извештај за инцидентот.
Претходно, беше објавена снимка од надзорната камера од близина на националниот аеродром „Вашингтон Роналд Реган“.
Камерата од центарот „Кенеди“ покажува блесок во воздухот над реката Потомак околу 20.47 часот по локално време. Иако „Скај њуз“ не можеше да ја потврди снимката, се чини дека леталото е во пламен.
BREAKING: Mid-air collision between a helicopter and commercial jet on approach to Ronald Reagan Washington National Airport. Rescue boats are scanning the Potomac River. pic.twitter.com/ySwHFq9Ej1
— Breaking 4 News (@Breaking_4_News) January 30, 2025
Во моментот на судирот патничкиот авион бил на височина од приближно 120 метри.
Анализирани се податоците пренесени од транспондерот на авионот пред падот. Тие содржат информации за позицијата, брзината и за висината на авионот.