Кривичен ја објави пресудата за претходното дело на 20-годишникот кој ја прегази Фросина

Макфакс

31/01/2025

17:43

710

Големина на фонт

а а а

Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за претходното кривично дело на Васил Јованов, осомничен за смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично загина во сообраќајната несреќа на булеварот „Партизански одреди“. Пресудата за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, по која Јованов беше прогласен за виновен и му беше изречена воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом.

Пресудата е резултат на главната расправа која започна на 24 јули 2024 година и заврши на 31 јули 2024 година. Судскиот состав беше предводен од судијата Даниела Алексовска-Стојановска, со судии поротници Весна Цветкоска и Милисав Таневски. Освен ова, Јованов беше пријавуван и за друга сообраќајна незгода од 4 ноември 2022 година, во која едно лице се здобило со полесни повреди.

Граѓаните денеска излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова.

Се оставаат цвеќиња и се палат свеќи крај фотографијата на Фросина, а демонстрантите носат транспаренти, на кои пишува: „Врските не враќаат човечки животи“, „Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“, „Уште колку?“, „Не е несреќа, туку убиство“.