Тениското чудо од Швајцарија: „Новиот“ Федерер го освои јуниорскиот Австралијан Опен

Точка

25/01/2025

15:59

3.136

Големина на фонт

а а а

Швајцарецот Хенри Бернет го освои Австралијан опен во јуниорска конкуренција, и стана првиот Швајцарец кој успеал да го направи тоа.

Бернет во финалето го совлада Американецот Бен Вилверт со 6:3, 6:4.

За работите да бидат уште поинтересни, ова младо момче токму на денот на финалниот натпревар наполни 18 години, а за време на турнирот ги воодушеви сите со својот брилијантен бекхенд со една рака, кој беше заштитен знак на големиот Роџер Федерер.

Патот на Бернет до титулата беше импресивен, ги победи водечките фаворити и го покажа својот талент во текот на целиот турнир. Неговиот настап привлече споредби со Федерер и Стен Вавринка, а се запознал со Федерер, и тренирал со Вавринка, кои инаку се неговите идоли.

Со оваа победа младиот Швајцарец не само што постигна личен успех, туку постигна и нешто што ниту Федерер не можеше да го направи како јуниор на АО.

Поради сето ова, споредбите меѓу Бернет и Федерер се неизбежни. Бернет, како и Федерер, е роден во Базел и почна да тренира во ТЦ Олд Бојс.

Неговата омилена подлога е тревата, а исто како и Роџер ужива во скијањето, додека на 12 години ја донел најважната одлука во животот. Тогаш се одлучи за тенис наместо фудбал, а две години подоцна почна да игра за Швајцарија.

„Го запознав Роџер еднаш, минатата година на УС Опен. Тогаш го сретнав за прв пат и разговарав со него околу 20 до 30 минути и беше навистина убаво. Тој беше многу љубезен, како што очекував“, изјави Бернет по победата во Австралија.

По преземањето на трофејот, Бернет изрази благодарност до тренерот Северин Лутију, кој исто така беше и долгогодишен тренер на Федерер.

Иднината на Бернет во тенисот изгледа ветувачка, а пред него е долг пат до славата, додека љубителите на тенисот со сигурност внимателно ќе следат како напредува овој талентиран млад играч.