[ВИДЕО] Моментот кога „Синиот дух“ ја поздравува Земјата: Од вселената е забележан фантастичен кадар од нашата планета

Точка

26/01/2025

16:00

2.030

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографија и видео од планетата Земја од вселената, што е снимено со вселенското летало „Blue Ghost“ (Син дух) кое неодамна беше лансирано кон Месечината.

Мисијата „Blue Ghost“ вчера го изведе вториот орбитален маневар со кој се менува правецот на самото летало и се насочува кон Месечината.

„Firefly ја сними убавината на нашата матична планета за време на уште едно нурнување во орбитата на Земјата. Ова второ согорување на моторот (и прво критично согорување) ја постави траекторијата на 'Blue Ghost'“, рекоа од мисијата.

Оваа мисија беше лансирана на 15 јануари од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, а беше лансирана со ракета Falcon 9 на „SpaceX“.

Кога мисијата ќе пристигне на Месечината, која е закажана за 2 март, инструментите ќе ја тестираат технологијата за дупчење на Месечината, способноста за собирање примероци од месечеви карпи и почва и методи за ублажување на месечевата прашина.

„НАСА го води светот во истражувањето на вселената, а американските компании се клучен дел за враќањето на човештвото на Месечината. Научивме многу лекции за време на ерата на „Apollo“ кои ги информираа нашите технолошки и научни достигнувања“, соопшти НАСА.

Како дел од современите активности на НАСА за истражување на Месечината, испораката на научни инструменти ќе му помогне на човештвото подобро да ги разбере планетарните процеси и еволуцијата, да бара вода и други ресурси и да поддржи долгорочно, одржливо истражување на Месечината во подготовка за мисија која ќе вклучува испраќање луѓе до Марс.