Разиграната Македонија го надигра Катар: „Рафални“ 39 гола за втора победа на СП

Дерби

23/01/2025

19:23

1.465

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на 29. Светско првенство и тоа во пресметката со Катар која попладнево се одигра во Вараждин.

Избраниците на Кирил Лазаров беа на повисоко ниво, диктираа темпо и сосема заслужено запишаа триумф од пет разлика (39:34). Нашите ракометари имаа јасен план за овој меч, план кој донесе посакуван резултат, второ славје на мундијалот по она со Гвинеја.


Катар прв поведе на дуелот, но потоа ние израмнивме, потоа го преземавме водството и имавме апсолутна контрола на играта и резултатот до самиот крај. Првото полувреме го реализиравме со 21:17 иако водевме и со шест разлика.

И во вторите 30 минути едноставно не му дадавме никаква шанса на противникот да се понадева на било каков пресврт и го приведовме дуелот како што посакувавме.


Пешевски и Кузмановски беа први стрелци со по шест погодоци.

Во следното коло играме со големата Франција.