Нури Шахин повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд

Макфакс

22/01/2025

11:35

196

Големина на фонт

а а а

Челниците на Борусија Дортмунд му врачија отказ на тренерот Нури Шахин по поразот од Болоња со 2:1 во Лигата на шампионите. Болоња во претпоследното коло ја забележа првата победа во елитното натпреварување, додека Борусија ја продолжи лошата серија. „Милионерите“ немаат победа во 2025 година, во серија се од четири несупеси.

„Сакавме Нури да биде долгорочно решение. Сепак, по четири последователни порази во сите натпреварувања, бевме принудени на овој чекор. Ќе мораме да бараме некој друг кој ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели“, изјави спортскиот директор Ларс Рикен.

Се уште не се знае кој ќе ја предводи Борусија Дортмунд на натпреварот против Вердер Бремен овој викенд во Бундеслигата.

Борусија има биланс од четири победи и три порази во Лигата на шампионите и речиси сигурно ќе игра во плејофот за пласман во осминафиналето.

Поголем проблем може да биде Бундеслигата каде Борусија е на десеттото место со седум победи, четири нерешени и четири порази. Заостануваат 20 бода зад лидерот Баерн.