Новак Ѓоковиќ се врати од негатива од еден сет и го совлада Карлос Алкарас (3:1) на Аустралијан Опен.
Српскиот тенисер уште еднаш испорача моќно издание на големите турнири, обезбеди полуфинале и го откажа Шпанецот кој ќе почека за нова победа против големиот ривал.
Ѓоковиќ подобро го започна мечот и експресно направи брејк, но Алкарас возврати, а на 4:4 направи уште еден брејк, кој подоцна го претвори во водство од 1:0.
Сепак, Шпанецот не играше на посакуваното ниво и тоа дополнително го мотивираше српскиот тенисер, кој во свој стил, одигра фантастичен меч и покрај возраста, па вториот сет го доби откако направи брејк во последниот десетти гејм за 6:4.
Во сличен продолжија двајцата и во третиот сет, а Ѓоковиќ направи пресврт, ставајќи печат на истиот со одличен поен и конечни 6:3 во таа етапа од мечот.
Алкарас не најде решение за расположениот противник, па дозволи брејк во првиот гејм од четвртиот сет, кој на Ѓоковиќ му беше доволен за 6:4 и конечна победа од 3:1 во сетови.
Во полуфиналето, српскиот тенисер ќе се соочи со Александар Зверев.