Пронајдено телото на познатиот спортист кој станал бездомник! Го убиле и го закопале во поле

Точка

21/01/2025

12:06

3.951

Големина на фонт

а а а

По тројца осомничени е распишана потерница откако минатата среда беше откриено тело на 33-годишен маж закопан на нива во Глабаис.

Поранешниот полски боксер Бартош Лапински (33) е пронајден мртов, закопан во поле во белгиското село Глабаис, на длабочина од повеќе од еден метар. Лапински беше познат боксер кој потоа остана бездомник и беше познат по проблемите со зависност од дрога.

Тој починал по брутален напад, по што сторителите направиле се што можеле за да го скријат неговото тело. Полјакот и бил добро познат на полицијата, а бидејќи бил целосно маргинализиран, според познавачите било тешко да се врати во нормален живот.

По тројца осомничени е распишана потерница откако минатата среда беше откриено тело на 33-годишен маж закопан на нива во Глабаис. Оваа информација вчера ја објави обвинителството во Валонски Брабант, наведувајќи дека тој наводно бил жртва на убиство во декември 2024 година пред неговото тело да биде пренесено до местото каде што бил погребан.

Според медиумот "Судинфо", се сомнева дека мажот бил избоден со нож. Неговото тело прво било оставено во близина на реката, а потоа погребано во селото Глабаис. Неговото семејство го пријавило како исчезнат.