Антонио Конте е голем фан на Алехандро Гарначо и е убеден дека токму Аргентинецот треба да биде замена за Квича Кварацхелија во составот на неговиот актуелен клуб Наполи.
Кварацхелија замина во редовите на ПСЖ, а Гарначо не е во прв план кај менаџерот Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед не отрфлува варијанта за продажба, но под услови кои ќе ги диктира клубот.
Првите обиди на Наполи за трансферот на Гарначо беа неуспешни поради различната проценка на вредноста на фудбалерот, но Конте не се откажува и форсира дополнителни преговори за крилниот напаѓач.
Италијанските и англиските медиуми излегоа со шпекулација дека Наполи сега го убедува Јунајтед со специјална тактика, односно му ветува привлечен попуст за евентуалниот иден трансфер на Виктор Осимен на „Олд Трафорд“.
Сезонава Нигериецот игра на заем во Галатасарај, но јасно е дека Наполи ќе се обиде да заработи добро на неговата продажба во текот на летото. Со одредување попуст за Гарначо, Јунајтед би бил во пол-позиција за Осимен, а би добил и поприфатлива трансфер сума за искусниот напаѓач.