Корисниците на Нетфликс велат: „Овој филм е толку брутален што речиси повраќавме“

Точка

20/01/2025

14:38

1.875

Големина на фонт

а а а

Корисниците на Нетфликс коментираат на социјалните мрежи дека заборавениот хорор-филм од 2017 година е еден од најбруталните хорор филмови кој некогаш го гледале.

Станува збор за филмот „Gerald’s Game“, во режија на Мајк Фланаган, кој има оценка од 91% на „Rotten Tomatoes“ врз основа на 81 критика од критичарите. Инаку Фланаган е познат како креатор на хит сериите на Нетфликс „The Haunting of Hill House“, „The Haunting of Bly Manor“ и „The Fall of the House of Usher“.

Психолошкиот филм, „Gerald’s Game“ е адаптација на истоимениот роман од 1992 година, напишан од Стивен Кинг. Филмот ги следи Џеси и Џералд Бурлингејм, брачната двојка која заминува на патување во оддалечена колиба за да ја обноват нивната врска.



Откако Џералд починал за време на сексуалните игри, Џеси останала со лисици врзана за креветот, при што се сеќава на своето трауматично минато додека во еден момент не почне да халуцинира поради дехидратација и замор.


Главната улога во филмот ја оствари Карла Гуџино, а остатокот од актерската екипа ја сочинуваат Брус Гринвуд, Карел Струјкен, Хенри Томас, Кејт Сигел, Адалин Џонс и Брајс Харпер.

Гледачите речиси повраќаа поради некои сцени

Според пишувањата на „LADbible“, некои сцени во филмот биле толку одвратни што гледачите речиси повраќале додека ги гледале. Меѓу најодвратните сцени е онаа во која Џеси се обидува да се извлече од лисиците со тоа што го сече зглобот со парчиња стакло за да ја излупи кожата на раката.


Покрај тоа, гледачите беа преплашени и од „Moonlight Man“, лик за кој многумина мислеа дека е халуцинација на Џеси, иако на крајот се покажа дека е сериски убиец.

„Филмот има неколку сцени кои се тешки да се „сварат“. Ми се смачи од сцените со нејзиниот татко. Навикнат сум на многу различни нешта во хорор филмовите, но начинот на кој го прикажаа лупењето на кожата на раката е навистина трауматичен“, напиша еден гледач на Редит.

„Ова е дефинитивно една од најдобрите адаптации на делата на Кинг, особено ако се земе предвид дека поголемиот дел од дејството се одвива во нејзината глава“, напиша друг гледач.


„Moonlight Man“ ме прогонуваше со недели откако првпат го гледав филмот, а ретко имам кошмари поради хорор филмови“, додаде трет.

„Не можев да ја гледам сцената со раката. Дури ми беше тешко и да го читам тој дел од книгата“, напиша четвртиот гледач.