Почина актерката номинирана за Оскар

Точка

17/01/2025

22:17

2.880

Големина на фонт

а а а

Актерката Џоан Плаурајт, номинирана за Оскар почина на 95 години.

Џоан, која беше трета сопруга и вдовица на Лоренс Оливие, ќе остане запаметена по нејзината шестдецениска актерска кариера.

„Со голема тага семејството на дамата Џоан Плорајт, лејди Оливие, известува дека таа почина на 16 јануари 2025 година окружена со своето семејство во Денвил Хол на 95-годишна возраст. Џоан уживаше во долгата и славна кариера во театарот, филмот и телевизијата во текот на седум децении, сè додека слепилото не ја принуди да се повлече“, се вели во соопштението.

Родена во Бриг, Линколншир на 28 октомври 1929 година, Џоан Плаурајт се образуваше на театарското училиште „Old Vic Theatre“ во Бристол и глумеше во голем број театарски претстави, ТВ емисии и филмови. Актерката беше позната по улогите наградени со Златен глобус во ТВ биографскиот филм „Сталин“, како и номинираниот за Оскар „Волшебен април“.

Плаурајт глумеше во филмовите „I Love You to Death“, „Surviving Picasso“ и беше ѕвезда на Вест Енд и Бродвеј пред нејзиниот меѓународен филмски успех. Се стекна и со титулата Дама во 2003 година.

Во филмот „The Entertainer“ од 1957 година, Џоан глумеше со Сер Лоренс Оливие и се омажи за него четири години подоцна.



 „Ги помина последните 10 години во Сасекс, со постојани посети од пријателите и семејството. Тие беа исполнети со смеа и убави спомени. Ние сме толку горди на сето она што Џоан го направи и на она каква беше како личност. Преживеа многу предизвици и со храбра решителност успеваше да ги надмине сите искушенија. Почивај во мир, Џоан“.

Актерката зад себе остави големо семејство, со многу внуци и правнуци.