Американската актерка Кели Ментл, која беше гостинка во серијата „Модерното семејство“ во улога на дрег кралица во епизодата „The Last Halloween“ од 2019 година, го сподели своето искуство околу работењето со Софија Вергара во текот на нејзиното гостување во поткастот „The Bald and the Beautiful“ со Трикси и Катја. „Тоа не беше најпријатното искуство“, откри Кели.
„Таа беше безобразна кон персоналот“
Актерката ја опиша Вергара како „најнепристојната позната личност“ која некогаш ја запознала, велејќи дека Софија „на многу непријатен начин“ постапила со својот персонал на снимањето и дека „доживеала нервен слом поради периката“. Ментл се присети на наводниот инцидент во кој Вергара се спротивстави на носењето на шнолите кои требало да ѝ ја прицврстат периката.
„Во таа епизода таа носи перика и сакаа да ѝ стават шноли во неа, а таа им велеше дека не сака шноли“, раскажа Кели Ментл.
Според неа, тензијата ескалирала кога Ментл, кој требало да ѝ ја стави круната на главата на Вергара за време на сцената, наводно случајно ја вознемирила актерката. „Требаше да ѝ ставам круна на периката, а таа почна да вика дека морам да внимавам на периката. Помислив: „Па, девојко, требаше да ги ставиш тие шноли на главата“, се присети Кели.
„Само ќе кажам дека можеби имала лош ден, бидејќи е урнебесна и убава, талентирана и прекрасна. Сигурна сум дека тоа беше нејзиниот лош ден“, заклучи Ментл.