Канје Вест на своето Инстаграм стори објави стара снимка од гола Памела Андерсон како носи торта на роденденската забава на Хју Хефнер.
На снимката која се прошири на социјалните мрежи, актерката може да се види како потполно гола пред насобраните гости му носи роденденска торта на Хефнер, а потоа го бакнува во образ и го гушка, додека тој ги погледнува нејзините гради.
Снимката е клип од реалното шоу „The Girls Next Door“, а Канје во заднина пушти снимка од неговата сè уште необјавена песна „Hide Your Bitch“.
Ги поттикна гласините за развод
Со оваа неочекувана објава, раперот повторно ги засили гласините за пропаѓањето на неговиот брак со Бјанка Ценсори, откако неодамна објави нејзина +18 фотографија, а потоа брзо ја избриша.
„Што се случува со него?“, „Бизарно“ и „Ова е навистина лошо“ беа дел од коментарите на неговите обожаватели на социјалните мрежи.