Килијан Мбапе од оваа сезона е дел од актуелниот шпански и европски шампион Реал Мадрид, па иако на почетокот имаше доста критики за неговите изданија како што одминува времето тој е се подобар, позабележителен и повлијатен во играта на „кралевите“.
Тој на вчерашниот меч со Лас Палмас даде два од четирите гола за Реал и дојде до бројката од 12 во Примера или вкупно гледано во сите конкуренции има 17 со 3 асистенции на 29 мечеви.
Французинот е среќен и задоволен, односно смета дека периодот на адаптација е завршен и сега може да ужива, да го дава најдоброто од себе.
- Навистина сум среќен. Сега се прилагодив на тимот и можам да играм како што сакам, со соиграчите, со карактер. Сите уживаме во тоа, -порача Килијан кој од тренерот Карло Анчелоти беше пофален дека е најдобра деветка на светот.