„Кофер ко кофер, празан.“: На денешен ден е роден легендарниот и неповторлив македонски актер Мето Јовановски

Точка

17/01/2025

16:58

1.735

Големина на фонт

а а а

Мето Јовановски, еден од доајените на македонското глумиште е роден на 17 јануари 1946 во с. Панчарево, Пехчевско. Тој беше македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Дипломирал на Театарската академија во Софија, Бугарија. Кариерата ја започнал во Народниот театар во Штип, при крајот на студиите, а продолжил во Драмскиот театар во Скопје. Наскоро станал еден од водечките драмски уметници во Социјалистичка Република Македонија и поранешна Југославија. За неговите достигнувања во филмот, телевизијата и театарот добил бројни награди и државни признанија меѓу кои „Свети Климент Охридски“, „11. октомври“ и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.


Првата филмска улога ја имал во 1971 година, кога бил ангажиран во улогата на партизан во продукцијата „Македонски дел од пеколот“.

Најистакнатите улоги ги имал во филмовите Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“ … А 90-тите ги одбележа како селанецот од македонската хит-серија „Опстанок“.


Мето целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата, во себе ја носеше истата жар за професијата. Јовановски замина во легендите само дваесет дена откако на 26 октомври ја одигра својата последна претстава на „Моето име е Горан Стефановски“.

Некои негови реплики ќе останат засекогаш во сеќавањето на македонската публика: „Кофер ко кофер, празан“ од „Тетовирање“, „Што е тоа офсајд“ во „Трето полувреме“, „Волчкоо …“ од серијата „Опстанок“ … И легендарното „Признај, п. материна, признај!“ исто така од „Тетовирање“.


Почина на 16 ноември 2023 година во Скопје, на 77 годишна возраст.