[ВИДЕО] Брус Вилис и покрај болеста не „се изгубил себеси“: Застана и им се заблагодари на полицајците во Лос Анџелес

Точка

17/01/2025

15:26

875

Големина на фонт

а а а

Брус Вилис им се заблагодари на американските полицајци кои беа меѓу првите кои помогнаа при гаснењето на пожарите во Лос Анџелес, во редок јавен настап откако беше објавено во јавноста дека боледува од афазија и деменција.

Актерот можеше да се види како се ракува и разговара со полицајците на снимката која на Инстаграм ја објави неговата сопруга Ема Хеминг Вилис.

Хеминг Вилис објасни дека Брус забележал полицаец чија работа подразбира реакција и помош за справување со катастрофи како онаа која го погоди Лос Анџелес.


„Тој никогаш не пропушти прилика да ја покаже својата благодарност со топло ракување и зборовите: „Ви благодарим за вашата служба“ напиша таа под црно-белата снимка.

На снимката, која беше објавена со песната „Going to California“ на Лед Цепелин, Вилис носеше светла сомотска јакна и темни панталони, како и бејзбол капа од Њујорк Јенки.

Талула Вилис, неговата најмлада ќерка со поранешната сопруга Деми Мур, беше воодушевена од снимката, изјавувајќи дека нејзиното срце е исполнето. Исто така, корисниците на социјалните мрежи напишаа дека се воодушевени што и покрај неговата болест, тој не се изгубил себеси.



Семејството на актерот ја објави неговата дијагноза на афазија во март 2022 година, а исто така тој изјави дека жали што „ќе се оддалечи од кариерата која толку многу му значела“.

Афазијата може да влијае на способноста на лицето да зборува, пишува и разбира јазик, и вербално и писмено, а обично се јавува по мозочен удар или повреда на главата.