[ВИДЕО] Последното јавно обраќање на Дејвид Линч ги расплака фановите: Трогателни зборови кого никого не оставаат рамнодушен

Точка

17/01/2025

21:24

702

Големина на фонт

а а а

Познатиот режисер Дејвид Линч почина на 78-годишна возраст по сериозни здравствени проблеми предизвикани од долгогодишно пушење.

 Веста за неговата смрт ги потресе обожавателите ширум светот, но и актерот Кајл Меклахлан, кој во емотивна објава се прости од својот ментор и пријател.

Фановите на социјалните мрежи споделуваат видео од неговото последно појавување пред смртта. Минатиот 13 септември, Линч одржа говор за Медитирај Америка, иницијатива покрената од Институтот за ментално здравје и отпорност на „Фондацијата Дејвид Линч“, за промовирање на медитацијата за намалување на стресот.

Линч одржа говор во свој стил, а многу фанови пишуваат дека неговиот последен говор останал за паметење.

„Дами и господа, добра вечер. Се надевам дека уживате во прекрасна вечер. Би сакал да зборувам за ‘ништото’, а тоа ‘ништо’ е возвишеност, тоа е унифицирано поле, чиста свест. Вечерва веројатно слушнавте дека свеста е сè што постои“, рече тој, па потоа зборуваше за учењата на Махариши Махеш Јоги, креаторот на трансценденталната медитација, кој зборуваше за ‘ништото кое има потенцијал за сè’ и за тоа како Битлси отидоа во Индија за да го проучуваат неговиот пат.


Во видеото тој зборува за тоа како Џон Ленон ги разбирал учењата на Махариши и го прашал: „Дали ми кажуваш дека ‘ништото’ нема да го промени мојот свет? на што и двајцата се смееле.

„Џон Ленон потоа напиша песна, „Across The Universe“, а репликата „Ништо нема да го промени мојот свет“ се повторува неколку пати“, објасни тој, додавајќи дека многумина не сфаќаат дека пораката на Ленон е всушност оптимистичка бидејќи ‘ништото може да го промени светот’. После тоа, тој им ја пушти таа песнана фановите во изведба на „The Killer Band“.

„Кога ќе заврши песната, седете мирно со затворени очи и јас ќе ги рецитирам стиховите и со тоа ќе ја завршиме вечерта“, рече тој, а потоа ги прочита стиховите на верскиот поглавар Јаи Гурудев.


„Нека сите се среќни, сите да бидат ослободени од болест, благослов да има насекаде, страдањето да не припаѓа никому. Мир“, беа последните зборови на режисерот упатени до светот, а фановите пишуваат дека ова било најубавото можно збогување.