Халанд „испрати писмо“ до противничките дефанзивци: Извинете, но тука сум за да останам

Дерби

17/01/2025

14:19

511

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд денеска е топ тема на англиската фудбалска сцена, а причина е потпишувањето на новиот договор, со кој се обврза кон Манчестер Сити до 2034 година.

Актуелниот најдолгорочен договор во Премиер лигата појаснува дека Норвежанецот не размислува за разделба со Сити барем уште неколку години, а медиумите тврдат дека прват откупна клаузула стапува на сила дури во 2029 година.

Сити го одбележа важниот момент и гига-договорот на Халанд на повеќе начини, а оној кој посебно го привлече вниманието на фановите е видеото во кое напаѓачот пишува писмо до противничките дефанзивци.

– Последниот период имаше многу шпекулации.

– Разбирам, понекогаш сакате да не сум тука, но мислам дека си требаме едни на други. Со други зборови, вие ме правите комплетни.

– Затоа, се што можам да кажам е извинете, тука сум за да останам.