Шпански прволигаш планира да го позајми Елмас од редовите на РБ Лајцпиг

Дерби

17/01/2025

14:17

1.604

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас наскоро може да добие нов клуб и таму како позајмен играч да настапува до крајот на сезоната.

Најблиску до Елмас во моментов е шпанска Валенсија, клуб кој во моментов има првични контакти со РБ Лајпциг околу евентуален договор и може да му овозможи соодветна минутажа на нашиот фудбалер.

Елмас на тој начин би му станал и нов соиграч на првиот голман на македонскиот национален тим, Столе Димитриевски, по што заеднички ќе се обидат да им помогнат на „лилјаците“ да обезбедат опстанок.

РБ Лајпциг веќе му испрати порака на Елмас дека треба да си побара нова средина уште во актуелниот преоден рок, што значи дека тренерот Марко Розе не планира да го смени односот кон нашиот репрезентативец во споредба со првиот дел од сезоната.

Елмас пристигна во редовите на „биковите“ минатиот јануари, но сезонава има само шест настапи.