Ерлинг Халанд потпиша продолжување на договорот со Манчестер Сити, обврзувајќи се да остане во следните девет и пол години, до летото 2034 година. Ова го пренесуваат англиските инсајдери и медиуми, додавајќи дека со продолжувањето на договорот се избришани сите претходно договорени клаузули и дека новиот договор е еден од најбогатите во историјата на спортот.
Не се дадени точни бројки, но некои англиски медиуми пишуваат дека тој ќе стане најплатениот премиерлигаш со неделна плата од 500.000 фунти (околу 600.000 евра). Се наведува дека тоа значи дека ќе заработи 247 милиони фунти или околу 292 милиони евра. Се посочува дека клубот има клаузула во која стои дека тој не може да замине пред 2029 година, а потоа ќе може доколку некој уплати богатство на сметката на Сити.
Ова е секако веста на која се надеваа навивачите на клубот. Во сезона во која Сити покажува знаци на попуштање по долгогодишна доминација во Премиер лигата, како утеха доаѓа веста за продолжување на договорот со еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Откако дојде во клубот од Борусија Дортмунд, Халанд постигна 111 гола на 126 натпревари за Сити. И покрај послабите резултати на Сити оваа сезона, тие постигнаа 21 гол на 28 одиграни натпревари. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид ќе се обиде да ја искористи клаузулата од неговиот договор со клубот од „Етихад“ и да се обиде да го доведе.
Во неговиот претходен договор, со важност до летото 2027 година, наводно пишувало дека би можел да го напушти Сити на крајот од сезоната. Неговата цена за напуштање на англискиот клуб на крајот од минатата сезона изнесуваше околу 180 милиони евра, а со секоја следна година е пониска. Точната цена зависи од курсот на фунтата. Во Мадрид сакаа таа да се фиксира.