Јунајтед одбил конкретна понуда за Гарначо

Дерби

17/01/2025

14:16

621

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се наоѓа во период на транзиција по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим и португалскиот стручњак почна да влече први потези и во однос на ростерот, вклучувајќи го неутрализирањето на Маркус Рашфорд и неговото се поизвесно заминување од „Олд Трафорд“.

Аморим веројатно веќе размислува и за следниот преоден рок, а во актуелниот не планира да остане без Алехандро Гарначо, барем не додека клубот не добие понуда која се совпаѓа со неговата проценета вредност за Аргентинецот.

„Би-Би-Си“ утринава потврди дека до Јунајтед била испратена конкретна понуда од Наполи за крилниот напаѓач и таа била вредна околу 40 милиони фунти.

Антонио Конте среде сезона остана без Квича Кварацхелија, но има и средства за инвестирање, па Наполи би сакал да го повтори потегот со Скот МекТоминеј и да добие уште едно сериозно засилување од редовите на Јунајтед.

Сепак, премиерлигашот експресно ја одбил понудата на италијанскиот клуб, а според медиумите останува отворен за евентуална разделба со Аргентинецот, но само со сума која е многу поблиску до проценката од 70 милиони фунти.