Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто

Дерби

17/01/2025

12:01

848

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид го одигра првиот меч на домашен терен после Суперкуп фијаското во Џеда, натпреварување на кое „кралскиот клуб“ претрпе тежок и болен пораз од Барселона.

Фудбалската лекција изразена со резултат 5:2 се одрази и врз стартот на натпреварот со Селта Виго во Купот, бидејќи навивачите на Реал го искажаа своето незадоволство во вид на свирежи кон Орелијан Чуамени, но поштеден не беше ниту тренерот Карло Анчелоти.

Францускиот играч за врска беше исвиркуван при секој контакт со топката и мора да се признае дека Чуамени одлично се снајде под таков притисок, па коментар за целата оваа ситуација имаше Дон Карло по потешко извојуваната победа со резултат 5:2.

– Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто. Свирежите се предупредување, но за мене тоа е прифатливо предупредување после натпреварот кој го одигравме против Барселона.

– И покрај свирежите, Чуамени покажа карактер и одигра извонредно за тимот на својата природна позиција. Добивме свирежи во знак на предупредување, но кога фановите ни беа потребни на теренот, „Бернабеу“ повторно направи притисок и се покажа во вистинско светло. Секогаш е специјално да се игра кога „Бернабеу“ ќе го направи потребниот притисок, – изјави Анчелоти.