Двајца астронаути на НАСА извршија поправки на Меѓународната вселенска станица (ISS) за време на вселенска прошетка, објави американската вселенска агенција.
За време на шестчасовната мисија, астронаутите Суни Вилијамс и Ник Хејг ги заменија неисправните светлосни филтри и рефлектори, соопшти НАСА.
The rate gyro assembly that helps maintain station orientation has been replaced. @AstroHague will soon work on the NICER X-ray telescope while @Astro_Suni will replace navigation hardware. pic.twitter.com/EfqNDF8ZAI
— International Space Station (@Space_Station) January 16, 2025
Тоа беше четврта вселенска прошетка на Хејг, а осма на Вилијамс. За следната недела е закажана уште една вселенска прошетка.
This view from @Astro_Suni's helmet camera shows her turning bolts as she replaces the planar reflector, a visiting vehicles navigation device, over 260 miles above the South Pacific Ocean. pic.twitter.com/DiUJ3P8i98
— International Space Station (@Space_Station) January 16, 2025
Вилијамс (59) е на "ISS" од јуни. Таа првично требаше да биде на станицата само една недела, но нејзиниот престој беше продолжен по технички проблеми со вселенското летало Старлајнер, со кое патуваше со колегата астронаут Бери Вилмор.
.@AstroHague and @AstroSuni will begin a spacewalk at 8am ET on Thursday to repair an X-ray telescope and prepare a cosmic ray detector for future upgrades. Watch live on @NASA+ here... https://t.co/HgaMLEbST9 pic.twitter.com/nM2n2cBPV6
— International Space Station (@Space_Station) January 15, 2025
НАСА сега планира да ги врати Вилијамс и Вилмор на Земјата на пролет со вселенското летало "Crew Dragon".