Сопственикот на овие автомобили избрал необична локација, но барем тие се безбедни од пожар.
На јавен паркинг се најдоа "Mercedes 190 SL", "Ferrari F430", "Ford Mustang", па дури и неверојатно скапиот "Mercedes 300SL Gullwing".
Некој би помислил дека станува збор за изложба или гости во луксузен ресторан. Сепак, ова е јавен паркинг на Мекдоналдс во Калабасас, Калифорнија.
Сопственикот на овие автомобили решил своите вредни "миленици" на четири тркала да ги остави на отворено и во исто време да ги стави на безбедно место, барем кога станува збор за пожарите. За почеток, јавниот паркинг на синџирот за брза храна бил одличен избор.
@mizzyinmotion A 300sl is crazy
♬ ominous - insensible
Сепак, со оглед на тоа дека се работи за необезбеден паркинг, иако пристапните патишта се покриени со камери, многумина коментираат дека овие автомобили сигурно нема долго да останат таму.
Или сопственикот брзо ќе ги отстрани, или некој друг ќе ги „отстрани“.
Сопственикот на автомобилот добро се снашол бидејќи паркингот е одделен од огнените патишта со асфалтна „бариера“, што го прави многу побезбедно место во споредба со дворовите и гаражите опкружени со дрвја и друга вегетација.