Јувентус го договори првото засилување, на ред е и првиот излезен трансфер

Дерби

14/01/2025

10:56

974

Големина на фонт

а а а

Јануарскиот преоден рок донесе императив за Јувентус за засилување на неколку позиции, а таквите намери беа потврдени и од спорскиот директор Кристијано Џунтоли.

Од вчера, „бјанконерите“ се посилни за еден фудбалер, односно португалскиот интернационалец Алберто Кошта, кој наскоро ќе биде промовиран во новата средина.

Се работи за десен бек, кој досега настапуваше за Виторија Гимараеш и ќе го чини италијанскиот клуб околу 13 милиони евра.

Ангажирањето на Кошта е само потврда за информацијата која се очекува деновиве, а тоа е официјалната разделба со досегашниот капитен Данило.

Агентите на Бразилецот преговараат со Јувентус за условите за предвремено раскинување на договорот, нешто што е речиси сигурен епилог и наскоро Данило ќе биде слободен агент и веројатно ќе заврши во редовите на Наполи.