Жителите на Лос Анџелес ја обвинуваат Ким Кардашијан за расипништво: Троши повеќе вода отколку што е дозволено

Точка

12/01/2025

11:51

871

Големина на фонт

а а а

Жителите на Лос Анџелес се бесни на Ким Кардашијан и другите познати личности поради трошењето на водните ресурси кои можеле да се искористат за спасување домови.

Строгите мерки за заштеда на вода се во сила од 2022 година, а на „обичните“ жители им е дозволено да ги полеваат своите градини само два пати неделно по осум минути.


Кардашијан, која живее во дом од 60 милиони долари во населбата Оукс, таа година беше казнета од градските власти затоа што потрошила 232.000 галони вода повеќе од дозволеното. Меѓутоа казнети беа и други познати личности, меѓу кои и Силвестер Сталоне и Кевин Харт.

„Тие познати личности имаат чувство дека нешто им припаѓа ним. На сите им е кажано да ја намалат потрошувачката на вода токму поради вакви ситуации, а тие продолжија со полевањето бидејќи можат да си дозволат да ги платат казните“, изјави нејзиниот сосед за „Daily Mail“.


Исто така жителите се гневни на богатите луѓе поради тоа што тие најмуваат приватни пожарникари за 2.000 долари на час за да го заштитат својот имот.

Инаку бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 16, а најмалку 13 лица се водат како исчезнати. Околу 150.000 луѓе се евакуирани, а околу 60.000 објекти и понатаму се во опасност.