[ФОТО/ВИДЕО] Фасцинантно: Научниците извлекoa ледено јадро старо 1,2 милиони години од Антарктикот

Точка

10/01/2025

16:22

697

Големина на фонт

а а а

Меѓународен тим на научници објави дека успешно извлекле ледено јадро од Антарктикот старо 1,2 милиони години.

Научниците ископале дури 2,8 километри земја за да стигнат до јадрото, а како што пренесува „АП“, анализата на овој мраз ќе покаже како еволуирале атмосферата и климата на Земјата, како и да обезбеди увид во тоа како се менувале циклусите на леденото доба.


Италијанскиот координатор на проектот Карло Барбанте рече дека благодарение на леденото јадро, научниците ќе разберат што се променило во однос на стакленички гасови, хемикалии и прашина во атмосферата.

Истиот тим претходно дупчеше јадро старо околу 800.000 години, а работниците дупчеа секое лето четири години на просечни температури од околу минус 35 степени.

The Beyond EPICA ice core drilling has finally reached the bedrock at a depth of 2800 meters: this is a huge success for...

Posted by Beyond EPICA - Oldest Ice on Thursday 9 January 2025

Италијанскиот истражувач Федерико Ското, кој беше меѓу техничарите кои го завршија дупчењето на локацијата наречена „Мала купола Ц“ во близина на истражувачката станица Конкордија, рече дека моментот кога стигнале до јадрото бил одличен момент за целиот тим.

Европската унија го финансираше Европскиот проект за ископување мраз на Антарктикот (Beyond EPICA) со поддршка од нациите од целиот континент, со Италија како координатор на проектот.


Климатологот Ричард Али од Пен Стејт, кој неодамна го доби Националниот медал на науката за неговото проучување на ледените плочи, рече дека напредокот во студиите за ледените јадра е важен бидејќи им помага на научниците подобро да ги разберат климатските услови низ историјата.