Мараја Кери блесна во тесен фустан на новогодишната ноќ

Макфакс

06/01/2025

12:17

1.363

Големина на фонт

а а а

Мараја Кери (55) на социјалните мрежи сподели како го прославила почетокот на 2025 година. Музичарката позната по хитот All I Want for Christmas Is You, кој доминира на топ листите секоја празнична сезона, објави новогодишна честитка до своите следбеници на Инстаграм и откри што облекла за таа пригода.

Таа избра беж фустан со длабоко деколте украсен со блескави детали, а стајлингот го заокружи со раскошен накит – ланче и нараквица. Својот изглед го комплетираше со кадрава коса и украс на главата со натпис „Среќна Нова Година“.

Објавата предизвика воодушевување кај следбениците, а коментарите се полни со комплименти за пејачката.