[ФОТО/ВИДЕО] „Одев на снимање каде што бев сексуално вознемирувана, а на тоа претходеше мојот спонтан абортус“: Актерката брутално искрена за траумите кои ги доживеала

Точка

03/01/2025

15:22

3.717

Големина на фонт

а а а

Актерката Кејт Бекинсејл откри дека била сексуално нападната од член на филмската екипа кога била тинејџерка.

Таа во понеделникот објави долго видео на Инстаграм во кое детално го опишува нејзиното трауматично искуство во Холивуд.

Таа раскажа како била принудена да се фотографира веднаш по спонтан абортус и дека актер бил насилен кон неа на „токсичниот“ филмски сет, пишува „Дејли мејл“.

Кејт објасни дека била инспирирана да излезе во јавноста по тужбата на Блејк Лајвли, истакнувајќи дека однесувањето што го опишува Блејк, како што е злоупотребата од колегата Џастин Балдони, „е очекувано и трае вечно“.


Сеќавајќи се на своето искуство, Кејт сподели:

“Имав 18 години кога еден член од екипата, на кој многу му верував, ме допре несоодветно. Разговарав со главната актерка, која е позната како поддржувач на жените, и ѝ кажав што се случи. Но, таа ми одговори: „Тоа не се случи. Потоа, во солзи отидов кај друга актерка и ѝ реков: „Само што ме нападна тој човек“. И повторно ми рекоа: „Не, не е така“. Тоа е само нешто што трае вечно“.

Кејт продолжи:

„Она што навистина ме лути е кога слушам како мажите велат: „Порано беше поинаку, сега е подобро“. Не, по ѓаволите, не е подобро. Ако си жена и имаш валидна жалба, некој те допира по градите и те навредува, готова си.

Таа, исто така, откри дека ја нарекувале со имиња кога се пожалила дека морала да чека шест часа за да се појави нејзиниот „пијан колега“ на снимање.


„На еден филм, до крајот на снимањето ме нарекуваа курва в лице, само затоа што реков: „Многу ми е тешко – колегата е пијан секој ден. Разбирам дека тој поминува низ нешто, но јас чекам, како и целата екипа, шест часа да ги научи неговите реплики, а тоа значи дека не можам да ја видам ќерка ми навечер“, рече таа.

На социјалните мрежи некои шпекулираа дека „пијаниот колега“ е Бен Афлек, една од главните ѕвезди на филмот. Кејт брзо го демантираше ова, пишувајќи:

„Бен Афлек ме заштити на токсичниот сет и се однесуваше исклучително коректно“.

Таа додаде дека нема да навлегува во детали за тоа кој е проблематичен бидејќи, како што вели, „најголем проблем не биле актерите, туку последиците од пријавувањето на злоупотребата – казните што следат се полоши отколку што можете да замислите“.


Кејт сподели и дека за време на снимањето на филм, колегата бил толку насилен што ѝ уништил дел од костимот, ѝ ја скинал периката, ѝ направил модринки и многу ја исплашил.

„Екипата беше загрижена, сетот беше затворен неколку часа. Кога разговарав со шефот на студиото, по инсистирање на мајка ми, бев казнета и отфрлена и посакував никогаш да не кажев ништо. Едноставно не е во ред “, рече таа.


Кејт заклучила дека системот ги казнува жените кои пријавуваат злоупотреба, а злоупотребата често останува неказнето, дури и кога тоа го гледаат од 30 до 100 сведоци. Таа истакна дека тоа не смее да се случува во ниту една индустрија и дека колегите, особено мажите, мора да бидат дел од решението.