[ФОТО/ВИДЕО] Го покажа задникот, па направи хаос на концертот: Сега ја „линчуваат“

Точка

01/01/2025

17:01

8.151

Големина на фонт

а а а

Рио де Жанеиро и оваа година беше домаќин на најголемиот новогодишен спектакл во светот, а посетителите на настанот ги забавуваше атрактивната пејачка Анита.

Покрај гласовните способности, бразилската убавица ги воодушеви сите присутни и со својот стајлинг.


За најлудата ноќ во годината на плажата Копакабана (Рио де Жанеиро), Анита избра симболична црвена комбинација која ја искомбинира со халтери, така што изгледаше особено провокативно.

Покрај тоа, минијатурниот долен дел го откриваше нејзиниот задник, а во еден момент таа изведе „жешки“ танцови движења кои никого не оставија рамнодушен.

Скандал на социјалните мрежи

Фотографиите и видеоснимките од настапот на Анита, за кратко време се појавија на социјалните мрежи, а мислењата на корисниците беа поделени.

Додека некои пишуваа пофалби за сексапилноста на Анита, други ја критикуваа поради начинот на кој таа танцуваше пред публиката.

„Интересно, Бразилките со години се чувствуваат навредени, затоа што луѓето ги нарекуваат к***и, а потоа се појавува Анита и одеднаш сите ја обожаваат“, „Боже, зошто мора вака да танцува“, беа само дел од негативните коментари.

Која е Анита?

Анита е родена на 30 март 1993 година во Хонорио Гургел. Нејзиното вистинско име е Лариса де Маседо Мачадо и, како и многу големи имиња од Бразил, пораснала во фавела.


Како дете почнала да покажува голем талент за музика, па веќе на осумгодишна возраст станала член на црковниот хор во парохијата Света Луција. Заедно со нејзината музичка дарба и талент за танцување, таа покажала и натпросечна интелигенција.

Дипломирала на Дом Педро II, едно од најпрестижните училишта во Бразил.


Набргу потоа и се насмевнала среќата и станала призната пејачка во Бразил, но и пошироко. Таа го усвои прекарот Анита, по хероината од книгата „Присуството на Анита“.

Пејачката смета дека хероината Анита е „неверојатна, бидејќи е секси без вулгарност, а во исто време е и девојка и жена“.