Сите знаеме како изгледа Бјанка, а сега и нејзината сестра реши да покаже што има

Точка

03/01/2025

20:03

3.558

Големина на фонт

а а а

Провокативните изданија на сопругата на познатиот рапер привлекуваат големо внимание.

Канје Вест долго време важеше за многу контроверзна личност во јавниот свет. Уште додека беше со Ким Кардашијан, почна сериозно да го сфаќа својот публицитет и затоа не обрнуваше внимание на однесувањето, ниту на зборовите, ниту на идеите кои ги пласираше на мрежите. Тоа беше голем притисок за Ким, но сега секој оди по својот пат.

Така, многу брзо после Ким, во неговиот живот влезе Бјанка Ценсори, девојка која малку и потсетува на Ким, но многу помлада и веќе мажена за Канје.

Кога се појави ја следеше модата што ја поставуваа Ким и нејзините сестри и уште од самиот почеток беше ставена на „жешката рингла“. Меѓутоа, бидејќи промените на Канје започнаа набргу по венчавката, тој почна да го менува и изгледот на Бјанка.

Таа никогаш не зборува, секогаш е покрај него и со него поминала неколку морничави фази кога го доведувал во прашање нејзиниот изглед. Имено, во почетокот и двајцата беа облечени во црно, Канје одеше бос, а преку главите имаа влечени некакви црни чорапи. Наскоро, Канје доби визија за тоа како сака да изгледа неговата сопруга - кратка коса, слободни гради, но и проѕирна облека. Бјанка од жена чиј стил му доликува на семејството Кардашијан стана жена која е среќна ако не носи ништо.

Сепак, тоа што стана многу интересно и предизвика големи теории на мрежите, е токму сестрата на Бјанка, Анџелина Ценсори. Бидејќи сега повремено ја следат и фотографите, а и многу луѓе на нејзините профили на мрежите, можеме да видиме дека Анџелина почна да оди по стапките на својата сестра.

Единственото прашање што се поставува е – дали и ова е дело на Канје? Најлонски чорапи, чудни пози, слики во долна облека и проѕирна облека - се појавуваат на фотографиите кои Анџелина ги смета за достојни да ги објави на мрежите.

Ако ги погледнете нејзините фотографии од порано, ќе ви биде јасно дека ова е далеку од нејзиниот оригинален стил. Нејзината сестра изгледаше исто пред Канје Вест.

Не може да се тврди ништо конкретно, освен што е јасно дека неговата идеја е проектирана на нивниот изглед и тоа е прилично јасна слика. Сепак, многу од корисниците на Инстаграм велат биле убави и пред раперот и дека не мора да се облекуваат како што се облекуваат.