Софија Вергара ја пречека Новата година во Париз, и тоа во посебно друштво.
Имено познатата убавица Вергара (52) одлучи да ја пречека Новата 2025 година во Париз заедно со синот Маноло.
Таа на социјалните мрежи сподели неколку кадри од дочекот, а големо внимание привлече токму Маноло.
Познато е дека Вергара е особено активна на социјалните мрежи каде често ги прикажува своите предизвикувачки модни изданија, но овој пат беше малку поинаку.
Потсетуваме, Софија синот го доби во текот на првиот брак, кој го склучи на само 18 години. Таа и нејзината средношколска љубов станаа родители во 1991 година, меѓутоа решија да се разделат една година подоцна.
Инаку Маноло е многу близок со својата мајка, а по овие фотографии доби нова „армија“ обожаватели кои тврдат дека убавината ја наследил од својата славна мајка.
„Тој е многу убав“, „Преубави сте“, „Премногу згодни“, „Прекрасни семејни моменти“, „Каков убавец“, „Не ми е добро од тоа колку е убав и згоден“, беа само дел од коментарите.
Софија за оваа пригода избра чиста елеганција – долг фустан со набори и раскошно деколте, додека Маноло носеше класичен црн костум.