Џими Батлер веќе некое време е незадоволен во Мајами, но најголемата ѕвезда на „жешките“ цело свое разочарување посебно го нагласи по новиот пораз на неговиот тим.
Мајами рано утрово загуби на домашен терен од Индијана со резултат 115:128, а прескромниот учинок кој го имаше на овој натпревар го натера Батлер јасно да проговори дека посакува излез, односно реализација на трејд.
Џими го заврши со само 9 поени зад своето име, но новата фрустрирачка партија му послжи како добра прилика да го искаже цело разочарување кое го има во себе.
– Сакам повторно да уживам во кошарката, а што значи тоа ќе дознаеме наскоро. Овде сум среќен надвор од теренот, но јас сакам повторно да бидам доминантен на теренот.
– Сакам да поентирам и сакам да му помогнам на тимот да победува, за жал во моментов не го правам тоа, – изјави Батлер, кој на директно новинарско прашање дали таа среќа може да ја врати играјќи за Мајами, ѕвездата кратко одговори.
– Најверојатно не…….
Како што стојат работите, Батлер по секоја цена сака да си замине од Мајами, но така не размислува и претседателот Пет Рајли кој пред неколку дена нагласи дека нема да дозволи трејд во оваа фаза од сезоната.
"Probably not."
— SportsCenter (@SportsCenter) January 3, 2025
—Jimmy Butler when asked if he could get his joy back in Miami. pic.twitter.com/5gahEJxWM7