Модриќ уживаше во ложата, а потоа му пријде позната иранска актерка

Точка

20/01/2025

18:40

1.174

Големина на фонт

а а а

Модриќ го следеше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Лас Палмас од ложата на „Сантијаго Бернабеу“, каде за фотографија го замолила иранската актерка Шејда Магсудлурада.

Лука Модриќ (39) го пропушти натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Лас Палмас поради жолти картони. Сепак, тој се појави на „Сантијаго Бернабеу“ да го гледа својот тим, а по мечот на социјалните мрежи се појави фотографија од него и иранската актерка Шејда Магсудлурад.


Шејда ја искористи можноста и како вистинска навивачка го овековечи моментот на средбата со легендарниот Модриќ.


„Неверојатно, со еден од кралевите на фудбалот, Златната топка Лука Модриќ“, напиша воодушевената актерка.

Иранската актерка е малку позната во Европа, но поврзан со Реал Мадрид е нејзиниот сопруг Жозе Мораис, долгогодишниот асистент на Жозе Мурињо. Мораис ја запознал Шејда додека работел во иранскиот клуб Сепахан и поради неа преминал во ислам.

Модриќ пристигна во Реал во периодот кога тренер беше Мурињо, а Мораис беше задолжен за неговата адаптација на животот во Мадрид. Шејда покажа колку навива за „кралевите“ носејќи капа и шал на Реал Мадрид за време на натпреварот.