[ФОТО] Тест кој за пет секунди открива дали сте под (преголем) стрес

Точка

02/01/2025

16:15

2.344

Големина на фонт

а а а

Стресот е секојдневна појава со која се справуваме речиси сите. Доколку сакате за само 5 секунди да дознаете колку сте навистина под стрес и во каква состојба се вашиот ум и тело, направете мал тест со помош на оптичка илузија.

Колку пати ви се случило да се обидете да се опуштите за време на вашиот слободен ден, но мозокот постојано се враќа на обврските кои ве очекуваат и не можете да престанете да размислувате што треба да направите утре?

Ваквите ситуации станаа нормални и се тесно поврзани со стресниот начин на живот со кој сите се соочуваме секојдневно, а на кој нашето здравје лошо реагира.

Јапонскиот психијатар Акиоши Китаока направил тестирање со помош на слика на оптичка илузија преку која можете да ја откриете моменталната состојба на вашиот ум.

Сè што треба да направите е да го концентрирате погледот на сликата и да ја гледате 5 секунди.

На почетокот формите на сликата ќе се движат брзо, а тоа што ќе се случи после 5 секунди, ја открива вистинската слика за тоа дали вашето тело и умот се под стрес.

Резултати:

Ако фигурите се движат брзо, вашето ниво на стрес е многу високо.

Ако формите на сликата се движат бавно, вашето ниво на стрес е ниско или нормално.

Ако формите на сликата запрат да се движат, вашето ниво на стрес е минимално.