Природни начини за ублажување на тешкотиите по прејадувањето, според експертите

Точка

02/01/2025

14:46

1.599

Големина на фонт

а а а

Тешкотиите поради прејадување и чувството на подуеност како и други непријатности можат да се ублажат на природен начин, вели доцент д-р Бранислава Теофиловиќ, магистер по фармација и специјалист по исхрана, пишува блиц.рс.

Вода

Таа најпрво ја спомнува водата, која може да помогне да се разреди жолчката и да се забрза варењето на храната.


„Водата ја спречува и дехидратацијата, која може да настане доколку се консумира премногу сол или зачинета храна. Се препорачува водата да се внесува во мали голтки во текот на целиот ден“ - вели доцент д-р Бранислава Теофиловиќ.

За да ја намалите тешкотијата, треба да избегнувате газирани пијалоци или сокови, бидејќи тие може да ја влошат подуеноста.

Чаеви

Според Теофиловиќ, одредени чаеви можат да помогнат за опуштање на дигестивниот систем, намалување на грчевите и подобрување на дигестијата:

Пеперминт (нане) - познато е дека помага во намалувањето на подуеноста и грчевите, а покрај тоа, помага и да се намали болката во стомакот.


Камилица - делува смирувачки на дигестивниот систем, го намалува воспалението и го подобрува варењето.

Ѓумбирот – е природно антиинфламаторно средство и помага во намалувањето на мачнините и болките во стомакот.

Чај од анасон – се користи за намалување на надуеноста и гасовите во стомакот.

Умерена физичка активност

Умерената физичка активност, како што е лесната прошетка, може да помогне да се забрза дигестијата и да се намали чувството на тежина во стомакот.


„По оброкот, треба да се избегнува легнувањето, бидејќи тоа може да ја забави дигестијата и да ги влоши симптомите. Наместо тоа, добро е да пешачите 10 до 15 минути. Лесната прошетка ќе го подобри протокот на храна низ дигестивниот систем“, советува доц. д-р Теофиловиќ.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет е природен тоник за дигестија кој може да помогне во балансирање на нивото на pH во желудникот и да го стимулира производството на жолчката.


„Помага при подуеност, грчеви и тежина во стомакот. Измешајте една до две лажички јаболков оцет со чаша топла вода, и пијте го ова пред оброк, или кога чувствувате тешкотија поради прејадување“ вели доц. д-р Теофиловиќ.

Сок од лимон

Сокот од лимон го подобрува производството на жолчката и го помага варењето на храната. Исто така, лимонот е алкализиран, што помага во намалувањето на рефлуксот.


Според доц. Д-р Теофиловиќ, сок од половина лимон треба да се измеша со чаша топла вода и да се пие пред оброк или кога ќе почувствувате непријатност после оброк.

Пробиотици

Пробиотиците помагаат во обновувањето на здравата бактериска флора во желудникот и цревата, што е корисно за подобрувањето на дигестијата.

Покрај фармацевтските производи, корисно е да се вклучи и храна богата со пробиотици, како што се:

Кефир


Jогурт со живи култури

Ферментирана зелка.

Овие ферментирани производи можат да помогнат да се намали подуеноста и гасовите.

Куркума


Куркумата е природно антиинфламаторно средство и помага во намалувањето на воспалението во дигестивниот систем. Исто така, го подобрува производството на жолчката и го олеснува варењето, вели доц. д-р Бранислава Теофиловиќ.