Требаше да биде една од најголемите тенисерки на сите времиња, но стана чесна сестра: „Бог имаше поинакви планови“

Точка

30/12/2024

23:31

5.464

Големина на фонт

а а а

Светот на спортот виде многу чудни, а истовремено и тажни приказни, а една таква приказна ја следеше и Андреа Јегер, некогашната голема тениска сензација.

Андреа Јегер беше чудо на светскиот тенис. Како тинејџерка, таа освои 10 ВТА титули, беше втора тенисерка во светот и играше во две финалиња на Гренд слем турнирите во сингл, а освојуваше титули и во парови.



Оваа американска тенисерка беше предодредена да стане една од најголемите на сите времиња, но за жал тоа не се случи. Имено додека кариерата ѝ беше на самиот почеток, таа поради тешките повреди мораше да го напушти тенисот на само 22 годишна возраст.


Седум пати го оперираше рамото, но се повлече од активниот тенис откако преживеа вистинскиот хорор и 30 сексуални малтретирања кои ги претрпе од еден службеник на ВТА организацијата.

„Преживеав најмалку 30 инциденти со еден член на персоналот. Сето тоа се случуваше во соблекувалната во раната фаза од мојата кариера. Таа личност имаше проблем да ги држи рацете до себе. Избегнував да бидам сама во просториите за тренинзи бидејќи тој ќе дојдеше и ќе ме допираше“, изјави Јегер за „Independent“.

Недолго потоа Американката ја заврши кариерата, а патот ја однесе во сосема друга насока. Имено таа се посвети на хуманитарната работа и сето свое богатство го вложи во Фондацијата „Silver Lining“ за борба против ракот кај децата.

Исто така Андреа стана и калуѓерка во Англиканско-доминиканската црква.



„Во август се стекнав со диплома по теологија за да влезам во програмата и да продолжам да им помагам на децата. Знаев дека Бог има поинакви планови за мене освен да бидам број еден во светот на тенисот“, изјави Јегер.


Во меѓувреме, таа објави и автобиографија наречена „First Service“, во која зборува за нејзината тениска кариера, тинејџерските денови, проблемите кои ги преживеала и како се фокусирала врз служењето на Бога, а сите приходи од книгата беа донирани на здруженијата за помош на деца.