Кристијано Роналдо со неодамнешната изјава се инволвираше во дебатата за признанието „Златна топка“, односно дали и колку било заслужено истото да заврши кај Родри, наместо кај Винисиус Жуниор.
Португалецот застана на страната на фудбалерот на Реал Мадрид, потенцирајќи дека и нему му се случувало нечесно да остане без престижниот индивидуален трофеј.
„АС“ објави одговор на Родри, односно реакција на Шпанецот за последната изјава на Роналдо.
– Неговиот став е изненадувачки, бидејќи тој сигурно знае како функционира гласањето, односно како се избира победникот.
– Оваа година новинарите кои гласаа одлучија дека јас треба да го добијам признанието, претпоставувам дека најголем дел од нив своевремено гласале и за него, а тогаш сигурно тој се согласувал со таквиот став, – рекол Родри.